Македонскиот игран филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар и на Интернационалниот филмски фестивал во Париз
10.12.20 10:07
Екипата на филмот „Дедо и Внук“ на режисерот Илија Пиперкоски освои уште една вредна награда во категоријата „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз со што уште еднаш се потврди успешноста и квалитетот на македонската кинематографија.
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и Директорот на Фотографија, Патру Паунеску.
Парискиот интернационален филмски фестивал (PIFF) е единствен месечен филмски фестивал, создаден како одговор на меѓународната побарувачка за уметнички филмови и можност за откривање на млади таленти. Секој месец се организираат проекции со најдобри филмови и настани за вмрежување во „срцето на Париз“. Сепак, поради COVID-19 кризата, ограничувањата за патувања и владините регулативи, организаторите на фестивалот беа принудени да ги откажат скоро сите настани и да го преместат целиот фестивал online.
Франција е родно место на светската кинематографија и е одговорна за многу значајни придонеси во уметничката форма и самиот процес на снимање филм. Неколку важни кинематографски движења, вклучително и „Новиот бран“, започнаа во земјата. Забележано е дека има особено силна филмска индустрија, делумно поради заштитата што ја дава француската влада. Освен својата силна и иновативна филмска традиција, Франција исто така беше место за собирање уметници од цела Европа и светот. Поради оваа причина, француската кинематографија понекогаш е испреплетена со киното на странски нации. Режисери од нации како Полска (Роман Полански, Кшиштоф Кишловски и Анджеј Чужавски), Аргентина (Гаспар Ное и Едгардо Козарински), Русија (Александар Алексиеф, Анатол Литвак), Австрија (Михаел Ханеке) и Грузија (Гела Баблуани, Отар Јоселиани) се истакнати во редовите на француската кинематографија.
Друг елемент што го поддржува овој факт е дека Париз има најголема густина на киносали во светот, мерена според бројот на киносали по жител, и дека во повеќето киносали „во центарот на Париз“, странски филмови што ќе бидат затскриени во „Art House – Уметнички куќи“, се прикажани заедно со „мејнстрим“ филмовите.
Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па гледачите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели. Според Пиперкоски, уметноста не треба да се занимава со големи теми, туку со мали, навидум секојдневни приказни на обичниот човек. Големите приказни се во малите мигови….
Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.
На 10-годишната Ева итно и е потребна помош за да продолжи да трча, да се смее и да сонува Ова радосно, љубопитно и храбро дете се соочува со остеосарком, редок и агресивен малиген карцином на коск...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишна охриѓанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ Таа, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана...
Тензиите на Блискиот Исток нагло се зголемија по серијата напади на САД и Израел врз цели во Иран, по што Техеран возврати со одмазднички удари Според официјални извори, нападите биле насочени кон ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.