Здружението на балканските Египјани во Македонија, Здружението за интеграција на Египјаните ПТАХ  од  Струга, Здружението на мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид, заедно со повеќемина активисти, испратија Барање до Владата на Република Македонија, при подготовката на Нацрт амандманот за промена на Преамбулата на Уставот. Бараат-да  се има во предвид мултикултурната и мултиетничката реалност и при споменувањето на деловите на народи, после зборот „бошњачкиот народ“, да се внесат зборовите „египќанскиот народ“.

Македонските Египјани, потсетуваат, дека тоа право им е загарантирано со повеќе меѓународни конвенции, а барањето го поткрепуваат и со Препораките на Советодавниот Комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства при Советот на Европа од 2006, 2011, 2016 година, каде декларативно е наведена потребата припадниците на заедницата на Египќаните да бидат третирани подеднаквокако и припадниците на заедниците што се споменуваат во Преамбулата на Уставот.

Потписниците на барањето велат дека припадниците на заедниците што не се споменуваат во Преамбулата на Уставот опфатени со категоријата „останати“, се исклучени од повеќето права што ги уживаат припадниците на заедниците што се споменуваат, на што е обврзана и самата Влада, со документот наречен Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија, изработен во соработка со ОБСЕ и Европскиот институт за мир.

– На мислење сме дека треба да стојат две варијанти: Враќање кон оригиналниот текст на Охридскиот рамковен договор, каде за Преамбулата беше предвидено да се истакнува граѓанскиот концепт, и да не се споменува ниту една заедница,или,пак, примена на хрватскиот модел, која за време на преговорите за членство во ЕУ, со амандман на преамбулата на Уставот ги внесе сите 24 национални малцинства што живеат во Република Хрватска – се наведува во барањето.

OhridNews