Повеќе презентации кои се однесуваа на можностите за користење на ИП фондовите од Европската унија и интензивирање на активирањето на компонентите од фондовите кои се уште не се активирани, беа извршени во рамки на вториот состанок на Заедничкиот консултативен комитет за развој на регионите, што денеска се одржа во Охрид.


– Имавме можност да ги слушнеме искуствата на земјите кои го практикувале овој вид помош на ЕУ, да ги видеме позитивните страни и да процениме што понатаму и на кој принципи треба да ја издигнеме соработката со ЕУ, но пред тоа да постигнеме зајакнување на капацигтетите на администрациите на локално, но и на централно ниво, истакна Димитар Бузлески, еден од копретседателите на Комитетот.


Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, истакна дка ваквите состаноци се од особена важност за општините  во насока на зајакнување на нивните капацитетите преку црпење на европските искуства.
 
– Без зајакнување на децентрализацијата и капацитетите на општините, не можеме да бидеме членка на ЕУ, барем такво е искуството на другите земји, рече Џафери.


Според копретседателот на Комитетот, Андерсен Бодкер, зачленувањето на Македонија во ЕУ, што воопшто не е доведено во прашање.

-Со вашето присуство во европското семејство вие ќе донесете нови културни и историски вредности во ЕУ, што секако е додадена вредност за сите нас, рече Бодкер.


Амбасадорот на  ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, нагласи дека Заедничкиот советодавен комитет, игра важна улога во поттикувањето на реформските процеси во Македонија, неопходни за нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата.

Преку Заедничкиот консултативен комитет  локалните власти од Република Македонија како земја кандидат ја остваруваат соработка со Комитетот на региони на ЕУ.

Ohridnews