Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги започнува подготовките за претстојните квалификациски дуели со Русија и Андора во Москва и Скопје. Собирот на репрезентативците е закажан за вечерва во 20ч кога селекторот Џон Тошак ќе ја изврши својата прва прозивка на македонскиот национален тим по неговото официјално назначување.


Тренинзите започнуваат в понеделник со двојна програма во 10ч (Игралиште на Работнички) и 18ч. (Филип Втори). И во вторник ќе се тренира два пати 10ч (Игралиште на Работнички) и 18ч (Филип Втори).

Натпреварот Русија – Македонија се игра в петок во 20ч.(Локално време), 17 по македонско.

Денеска селекторот Џон Тошак ќе присуствува на првенствениот натпревар Ренова – Шкендија во Тетово.

Ohridnews