Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој ќе се одржува од 5-ти до 9-ти февруари 2015 година во Брисел, Белгија.

Оваа престижна саемска манифестација е еден од најголемите туристички настани во Белгија, кој го посетуваат десетици илјади туристи. Бриселскито саем е место каде што можат да се разменат нови туристички искуства и да се привлечат многу гости.

Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во текот на наредниот месец Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „Holiday i spa“ кој ќе се одржува во Софија, Бугарија од 12-ти до 14-ти февруари и на саемот „IFT“, кој ќе се одржува во Белград, Србија од 19-ти до 22-ри февруари.

Инаку во текот на овој месец Мкедонија беше претставена на саемите за туризам во Утрехт, Хелсинки и Истанбул.

OhridNews