Македонското  трио Лазаревски, Османи и Алиу со тимот  на Беса од Каваја ќе се обиде да го елиминира грчкиот фудбалски  гиганг Олимпјакос. Албанскиот освојувач  на купот, денови се подготвува покрај Охридското езеро за што по впечатлив настап во Лигата Европа. 


Летово дојдов во албансаката Бреса одлично сум примен во клубот, екипата е добра, а се подготвуваме за првиот меч со грчкиот Олимпијакос – вели Димитар Лазаревски – ’Рибар“

Беса која е од Каваја, европските натпреври ги игра на како домаќин во Тирана, , во првиот натпревар ќе го пречекаат Олимпијакос, додека во реваншот ќе гостуват во Грција. Лазаревски смета дека албанската екипа е способна да го изненади големиот фаворит . 

Олимпијакос е голем предизвик , го добивме најсилниот можен противник , но однапред нема да се предадеме и ќе се обидеме да ги елиминираме. Фудбал е , гледаме дека на светскиот куп има изненадувања по зашто и ние не би биле едно такво изненадување – вели популарниот “рибар“

За краткиот период кој го поминал во Албанија , Лазаревски  смета оти фудбалот во Албанија оди во нагорна линија, а потврда за тоа се вложувањата во инфраструктурата. Стадионите се средени и до 2012 година мора да ги задоволат строгите правила на УЕФА.  

 

Лазаревски кој досега сменал неколку клубови низ Европа во последните сезнои го носеше дресот на скопски Металруг.

На тест средбите кои ги одиграа  во Охрид, Беса убедливо со високи 5-0 го совлада битолски Пелистер, второлигашите Охрид `04 го победи со 3-0, додека Охрид Лоте со 2-1. 

М.П.