Македонското знаме е избрано за најубаво знаме во светот на изборот кој го организираше канадскиот весник „Тhe Province“. Во финалето на онлајн гласањето македонското знаме добило 13.190 гласа, а британското 858.

Во натпреварот учествувале знамиња од 64 земји, а весникот ги избрал земјите врз основа на етничкото потекло наведено од страна на канадските домаќинствата во 2011 година.

Ова знаме е создадено во 1995 година по потпишувањето на спогодбата со Грција, како замена за симболот на шеснаесеткракото сонце.

OhridNews