Вкупно 23.000 граѓани во четврток и петок ја поминаа јужната граница и заминаа во Грција за да го искористат продолжениот викенд, пренесува „Макфакс“.

На граничниот премин Богородица, до 10 часот границата ја минале вкупно 7.300 патници, од кои 5.500 на излез од земјата, а 1.800 на влез во Македонија.

Во четвртокoт македонско-грчката граница на „Богородица“ ја минале 16.000 патници.

Поголема раздвиженост во петок има и на граничниот премин „Дојран“. Утрово до 10 часот границата ја минале вкупно 1.516 патници, од кои дури 1.442 на излез од Македонија и само 74 на влез во земјата.

OhridNews
извор:„Макфакс“