Фудбалерите на Малага останаа непоразени во Барселона, во првиот четвртфинален натпревар, во ‘Копа дел Реј’.


Малага на ‘Ноу Камп’ одигра одличен натпревар и до 2:2 стигна со голот
на Камачо во 90-та минута, претходно гостите поведоа со голот на Итура
(26 минута), а пресврт направија Меси и Пујол.

Без победник заврши и натпреварот помеѓу Сарагоса и Севиља, на чија
клупа дебитираше новиот тренер Унаи Емери. На ‘Ла Ромареда’ Сарагоса и
Севиља одиграа без голови.

“Макфакс“