На репертоарот на охридскиот Народен Театар, во среда, 3- ти март е претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата ќе се игра со почеток во 20 часот, а цената на билетот  е 250 денари.

Главни улоги: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб,младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина,сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер,младичот.

Претставата можат да ја проследат лица постари од 14 години. Се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза.