Малолетен пешак повреден во сообраќајна несреќа вчера во Охрид.
На 28.04.2022 во 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Абас Емин“ во Охрид, патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од Охрид, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












