Анализирајќи ги малцинските права во Македонија може да се види една состојба на тапкање во место по однос на заштита на правата на етничките заедници но и нивно почитување. Институциите во Македонија и системот на државата се штелувани само за почитување и реализирање на малцинските права само на етничките заедници што се спомнати во преамбулата на уставот на Р.Македонија нивно насочување, интеграција, правична застапеност кога се работи за помалите етничките заедници што не се спомнати во прембулата на уставот која е само( декларација од која не произлегуваат никакви правни или управни последици) да биде појака од една “уставна загарантирана норма”. И може слободно  да се каже дека со самото ова државата прави свесна дискриминација кон заедниците кои не се спомнати,како и дава не еднакви можности и пристапи.

Бидејќи секогаш се спомнуваат само етничките заедници што се спомнати во преамбулата јас морам да ги спомнам останатите етнички заедници за да допрам до институциите и да ги алармирам да почнат конечно да работат кон подобрување на малцинските права и на овие етнички заедници, после Бошњаците кои се спомнати последни во прембулата следуваат Египќаните, Црногорците, Хрватите, Ерменците, Словенците, Русите, Полјаците, Бугарите.

Ако се направи една компарација со останатите држави наши соседи како Србија, Албанија и Косово тогаш Македонија по однос на малцинските права изостанува.

Во Косово буквално се спомнати сите етнички заедници како и му се дава еднаков пристап кон подобрување и заштита на малцинските права како и има преставници од етничките заедници во Парламентот на Косово како и загарантирани пратенички места за еден преставник на Египќаните, Ромите. Ашкалиите. Косово е многу либерална во однос на малцинските права маргинализираните етнички заедници како Египќаните, Ромите и Ашкалиите имаат од страна на државата  изготвени стратегии за подобрување на социјалниот и општествениот живот на овие ранливи етнички заедници. Aко го разгледаме системот во Србија по однос на малцинските права навистина е воодушевувачки. Србија има во склоп на владата Министерство за човекови и малцински права како и донесен закон да секоја етничка заедница може да формира НАЦИОНАЛНИ СОВЕТИ НА ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ во склоп на министерството за човекови и малцински права кое и ги финансира овие совети. Со овај закон државата дава голема подршка по однос на заштитата на малцинските права во Србија, исто така во последно време и Албанија прави крупни чекори кон подобрување на правата на етничите заедници преку одредени стратегии и насоки.

Институциите на Македонија требаат да почнат сериозно да размислуваат за оваа тематика ако сакаат европска аспирација. Во Македнија се формира Агенција за заштита на правата на припадниците на етничките заедници под 20 % која не функционира во поглед на итна акција по однос на подобрување на малцинските права на помалите етнички заедници и најголем нон сенс се Комисите за односи меѓу заедниците кои за да се формираат во една општина потребни се 20 % од една етничка заедница во општината,иако во останати држави не е така и се повече либерални во споредба со Македонија.

Заклучокот на ова е дека Македнија не треба да чека и под итно треба да почне со реформи во однос на оваа проблематика, еднакви малцински права како за заедниците спомнати во преамбулата така и за останатите што не се спомнати.

Рамковниот договор да важи за сите затоа што Македнија не е бинационална тука Македонија е мултикултурна, мултиетничка и мултиконфесионална и кон тоа треба да се стреми.

Вахид Мемед   – Секретар на Здружение на Египќаните во Македонија
(Ставовите се личен мој став не на здружението)