Во очи празникот Св. Наум Охридски Чудотворец, кој се одбележува денеска, Манастирот Св. Наум отвори своја  официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Како што информираат од манастирот, оваа страница ќе биде наменета исклучиво за информирање на јавноста за работи поврзани со комплексот Св. Наум и ликот и делото на светителот.

Целта е, како што велат од манастирот Св. Наум, ова духовно светилиште кон кое владее голем култ на овие простори, да им се доближи уште повеќе на луѓето и верниците кои во модерниот свет се повеќе ги користат интернетот и социјалните мрежи.

Официјалната страница на Манастирот Св. Наум Охридски може да ја најдете на следниот ЛИНК.

Г.М.