Баерн Минхен полесно од очекувањата го елиминираше Јувентус во 1/4 финалето и обезбеди пласман во полуфиналето. “Баварците“ со идентични победи 2-0 во двете средби осигура трето полуфинале во последните четири години.

– Ние знаевме дека ова ќе биде тежок меч посебно заради публиката која не престана да ги бодри во целиот натпревар. Не беше лесно да се остане смирен до постигнувањето на голот, потоа беше се полесно. Исто така среќен сум што успеав да погодам, кога беше најпотребно за мојата екипа – рече Манџукиќ.

Минатата сезона за пласман во финалето против Челси, фудбалерите на Баерн Минхен во полуфиналето по пеналите го елиминираа Реал Мадрид.

Овие два тима можат да се сретнат уште еднаш ако ждрепката в петок посака токму овие два гиганти да се судрат во полуфиналето.

Мх.П.