Општина Охрид, преку својот портпарол, денеска реагира, на како што се вели во соопшетнието, обидот за вовлекување на Општинста во наводни анкети.

Со оглед на се’ позачестените поплаки на граѓаните дека се телефонски вознемирувани со наводни  предизборни анкетирања, а заради заштита на професионалниот интегритет  на општинската администрација, како портпарол на Општината изјавувам дека сите наводни анкетирања по телефон и прашања во стилот „за кого ќе гласате“, немаат никаква врска со општината, нејзината администрација и служби, вели портпаролот на Општината, Никола Маневски.
 
Чувствувам обврска, да ги информирам граѓаните дека секое телефонско предизборно „анкетирање“ и вознемирување со претставување : „ Се јавуваме од Општината…“ –   е  гола лага!  Пред се’ Општината ниту нејините служби немаат телефонски број кој почнува со 261… а од кој најчесто многумина сограѓани се вознемирувани со лажно претставување, додава Маневски.

-Едноставно, ја информирам јавноста дека сите такви и слични телефонски јавувања, „анкети“, „убедувања“ и „разговори“ – се трикови на партиски штабови  во кои заседнале посебно задолжени лица за таа задача.  Тие, како „партиски војници“ на тој начин во најмала рака вршат притисок врз граѓаните, ги вознемируваат и истовремено ја дискредитираат општинската администрација, смета Маневски.
 
Тој ги повикува граѓаните таквите повици да ги пријавуваат во охридската Полиција .

Ohridnews