Мапирани 9 диви депонии на исти локации каде континуирано интервенираат службите на ЈП „Охридски Комуналец“. Од претпријатието реагираат дека одговорноста за здрава животна околина во урбаните средини и правилно депонирање на отпадот зависи од сите нас.

За жал тешко се менуваат навиките кај поединци кои ги фрлаат во вода нашите напори за одговорно и безбедно депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут. Постојано спроведуваме активности за подигнување на еколошката свест за почиста и поздрава околина, но постојано никнуваат депонии со несоодветно депониран отпад, потенцираат.

Додаваат дека овој пат мапирани се 9 диви депонии кај станбениот комплекс во Даљан, ул. „Шар Планина”, населбите Лескајца и Воска, ул. „Дејан Војвода” и с.Трпејца од каде се подигнати 48 м3 отпад.

Изразуваат надеж дека ваквите слики нема да се нашето секојдневие, додавајќи дека сите заедно треба да придонесеме за почист и уреден Охрид.

OhridNews