Познатиот спортист – инвалид, Миле Стојкоски на негово барање денеска ќе биде примен од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, соопшти прес службата на опшината.

Стојкоски е познат скоро на сите меридијани по своите потфати минувајќи илјадници километри во инвалидската количка  во разни мисии на хуманост меѓу народите, толеранција и афирмирање на македонскиот идентитет а посебно македонското знаме и нејзиното уставно име. Во тие свои подвизи, Стојкоски останува  запаметен во домашната и меѓународната јавност и по неговото патување со инвалидската количка на Летните Олимписки Игри што во август минатата година се одржаа во Пекинг.

Ohridnews