Енди Мари и Давид Ферер изборија пласман во финалето на Мастерс турнирот во Мајами. Мари во полуфиналниот дуел, по два часа игра, го победи Ришар Гаске со
2:1 (6:7, 6:1, 6:2). Мари ја забележа петтата победа во осмиот меѓусебен
дуел со Гаске.

Ферер, исто така, со пресврт го победи ветеранот Томи Хас, мечот траеше
123 минути а Шпанецот победи со 2:1 (6:4, 6:2, 6:3). Финалниот меч во
Мајами ќе се одигра во недела,

Мари досега во кариерата има осум титули на турнирите од Мастерс
серијата, додека Ферер минатата година во Париз ја освои првата и засега
единствена титула на турнирите од серијата 1000.

“Макфакс“