Рекетот број два во светот Рафаел Надал со чисти 3-0 (7:6, 6:2, 6:3) го совлада сонародникот Алмагро и се пласираше во 1/2 финалето од Роланд Гарос.

Противник на Надал за влез во финалето ќе му биде Давид Ферер кој во 1/4 финалето триумфираше над британецот Енди Мареј со 3-1 (6-4, 6-7, 6-3, 6-2).

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат српскиот тенисер Ѓоковиќ и Роже Федерер.

Мх.П.