Полуфиналниот меч во Мелбурн, беше 20-ти меѓусебен дуел на овие двајца
тенисери, а Марej остана еден од ретките играчи кои против Швајцарецот
имаат позитивен скор, шкотскиот тенисер сега води со 11-9.
Противник на Марej во финалето ќе му биде трикратниот победник на турнирот, бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ.
Марej агресивно го започна мечот, веќе во првиот гем имаше брејк топка,
која не ја реализира, а откако лесно го доби својот сервис гем, во
третиот гем успеа да му го одземе сервисот на противникот. Предноста од
еден брејк, Марej ја сочува до крајот на првиот сет, кој му припадна со
резултат 6:4.
Во вториот сет, во кој Марej и Федерер имаа вкупно 12 можности за брејк,
тениерите го чуваа својот сервис, по што сетот замина во тај-брејк. Марej
прв направи мини брејк, Федерер возврати со иста мерка, тој два пати му
го одзеде сервисот на Мари и со 7:5 го доби тај брејкот, за конечни 7:6
и израмнување на резултатот на 1:1.
Марej, прв направи брејк во третиот сет, кога во шестиот гем му го одзеде
сервисот на Федерер, откако претходно двајцата сигурно ги освојуваа
поените на свој сервис. До крајот на сетот, Марej уште еднаш направи
брејк и убедливо за само 36 минути го освои сетот со 6:2.
Вистинска драма се случуваше во четвртиот сет, Федерер, прв направи
брејк, стигна до 4:1, но Марej експресно успеа да се врати израмни на
4:4, за потоа тој, во 11-от гем да му го одземе сервисот на Федерер.
Марej сервираше за сет и пласман во финалето, но Федерер го издржа
притисокот израмни на 6:6, а во тај брејкот го искористи лошиот сервис
на Марej и го доби со 7:2, за 7:6 и израмнување на 2:2 во сетови.
Лошата игра во финишот на четвртиот сет не остави траги врз
Шкотланѓанецот, со фуриозна игра тој набрзина, за само 12 минути стигна
до водство од 3:0, кое сигурно го чуваше до крајот на сетот кој го доби
со 6:2. Финалето во машка конкуренција во Мелбурн ќе се одигра в недела.