44-годишно лице од Поградец-Албанија, „заработи“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”.

На 13-ти овој месец, по претходен договор со лице од Албанија, извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана по воден пат преку водите на Охридско Езеро. Пријавениот од месноста Градиште презел една патна торба со шест поединечни пакувања на опојна дрога марихуана и ја ставил во своето возило Мерцедес со албански регистарски ознаки и се упатил во правец на Охрид со намера марихуаната да ја пренесе и продаде на засега неутврдено лице.

Истиот во 19.45 часот бил сопрен од страна на полициски службеници, по што се дал во бегство, но набргу бил пронајден на паркинг. По извршен преглед, на оддалеченост од околу 15 метри од возилото е пронајдена патната торба со наркотична дрога марихуана со тежина од околу 8 до 10 килограми, која претходно ја фрлил од возилото.

OhridNews