Уставните судии едногласно ги отфрлија одредбите од Изборниот законик кои пропишуваа задолжително обележување со маркер на палците на оние гласачи кои ќе го искористат гласачкото право и ќе излезат да гласаат.

Маркерот беше употребен само еднаш, на последните парламентарни избори лани и тој веќе нема да се употребува. Уставниот суд одлучи дека таквите одредби се противуставни.

„Се смета дека обележувањето на палецот, како на последните избори, не е во согласност со Уставот и дека е спротивно на член 22 став 2 од Уставот, според кој избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и со тајно гласање”, велат од Уставниот суд.

Маркерите беа воведени како гаранција да не се случи еден граѓанин да гласа повеќе од еднаш. 

OhridNews

Извор:„Вест“