Денеска во 16 часот започнува најдолгиот полициски час од воведувањето на вонредната состојба во земјата за спречување на ширењето на пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19. Граѓаните итаат да ги набават најпотребните работи за 85 часовната домашна изолација, што создаде гужви пред и во продажните места, поради што Општинскиот кризен штаб ангажираше редарски служби кои воспоставуваат ред.

Но, место за паника нема. Охридските маркети, месарници, дисконти и аптеки за време на полицискиот час кој се поклопува со Велигденските празници, ќе вршат достава на неопходните продукти до домовите на граѓаните.

„ЈАМИ Маркет“ прима онлајн нарачки и врши достава на храна до дома. Истата е бесплатна, а услов е минималната вредност на нарачката да изнесува 500 денари.

Дистрибуираме храна и пијалаци, а вршиме услуги за нашите клиенти и за достава на лекарства. Нарачки може да се вршат на тел.: 070 302 880 од 16 до 21 часот во работните денови, односно од 08 – 21 часот  викендите. – информираат од „ЈАМИ Маркет“

На „готовс“ е и Дисконт „Рај“ кој за време на Велигденските празници, исто така, ќе врши достава на пијалаци до домовите на охриѓани. За сметка над 500 денари доставата е без надомест, односно бесплатна.

Достава се врши во периодот од 09 до 16 часот. Дополнително, пак, за време на ограниченото движење од петок 17 април до вторник 21 април (освен недела 19 април – Прв ден Велигден) вршиме достава до дома. Нарачки може да се направат на следните телефони: 075-231-077 / 075-261-303 / 070-213-166. – информираат од Дисконт „Рај“.

Изборот на пијалаци во Дисконтот „Рај“ е исклучително голем, а повеќе информации за широката понуда може да добиете на следниот ЛИНК.

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните во ситуација на вонредна состојба, Виа Фарм Аптеки неодамна започнаа со продажба на отц производи со безбедна и навремена достава до врата.

Нарачката може да се направи онлајн на веб страницата: www.viafarm.mk или на телефонот 046/288-228, информираат Аптеки „Виа Фарм“.

Доставата на отц производи од нашиот асортиман, ќе биде бесплатна во промотивниот период во Охрид до 30.04.2020, во согласност со политиката на фер однос. Плаќањето се врши на врата при достава на нарачаните производи. – објаснуваат од Аптеки „Виа Фарм“.

Нарачки и достава, ќе се вршат секој работен ден од понеделник до петок од 10:00 до 20:00 часот, а во сабота од 08:00 до 14:00 часот, соопштуваат Виа Фарм Аптеки

Бесплтана нарачка на производи до домовите на охриѓани за време на Полицискиот час за велигденските празници, ќе врши и маркет „ВИПС“. Услов таа да биде без надомест за дистрибуција е вредноста на нарачката да изнесува минимум 500 денари.

Нарачките за велигденските празници може да се вршат секој ден, освен недела, од 9 до 19 часот, на следните телефони: 070 968 256, 070 261 664 и 070 331 414.- информираат од маркет „ВИПС“.

Мобилни се и волонтерите на Црвениот крст, кои секојдневно доставуваат храна и неопходни производи до граѓаните кои не можат сами да го направат тоа, како и до  ранливите категории семејства.

Во тек е и хуманитарната акција за доставување на прехранбени намирници до најзагрозените семејства на територијата на Општина Охрид, која ја реализира Општинскиот кризен штаб со помош на донации од најголемиот производител на леб и бели печива во Охридскиот регион “Жито Леб”. Оваа акција ќе се рализира секој работен ден во текот на попладневните часови, а ќе бидат опфатени ранливи семејства од повеќе категории кои се дел од евиденцијата на Црвен Крст Охрид.

Г.М.

Пренос во живо на „OhridNews“ и „Мега продукција“ од Велигденската богослужба во Охрид!