Светот повеќе не е ист. Тој се менува, но потребите на луѓето остануваат, само што сега тие се поблиску до нив од кога и да било. Следејќи ги потребите на потрошувачите и новите трендови, охридскиот трговски бренд „Топ Маркет“ од денеска, 19 октомври, воведува достава на производи до саканата дестинација на купувачите во Охрид.

Оваа недела (19 – 24.10.) „Топ Маркет“ ќе врши доставата на производи по нарачка без надомест. По овој период за сметка до 1000 денари доставата ќе чини 50 денари, а за нарачка над 1000 денари, таа ќе биде бесплатна во границите на градот и приградските населби, односно од населба Рача до Велгошти и Лескоец на исток, населбата Далјан на запад и „Радојца Новичиќ“ (Црногорци) на север. Достава надвор од Охрид, без разлика на износот, ќе чини симболични 50 денари. За лица над 64 години, пак,  достава ќе се врши бесплатно. – информираат од „Топ Маркет“.

Доставата на производи ќе се врши од 09 – 21 часот, секој ден, освен во недела кога „Топ маркетите“ вон сезона не работат.

Како ќе функционира доставата на производи од „Топ Маркет“?

Многу едноставно, велат од менаџментот на познатиот ланец маркети. На потрошувачите на располагање за нарачки ќе им стои телефонскиот број 079 296 004 (од 09 – 21:00ч.). Откако ќе воспостават контакт со екипата за достава, нарачката ќе може да ја издиктираат или да ја пратат преку СМС или „Viber“. Ќе треба да го наведат начинот на плаќање, кеш или со платежна картичка, како и примателот на нарачката. Испораката ќе се врши веднаш по потврдувањето на нарачката. – објаснуваат од „Топ Маркет“.

Непосредно пред испораката, уште еднаш се контактира купувачот за евентуална замена на производи кои можеби ги нема на залиха и се информира за сумата на сметката. Завршно се печати фискална сметка која се доставува заедно со нарачаните производи до купувачот. Доставувачите во себе ќе носат кусур до 2000 денари. При доставата ќе се почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирус. – објаснуваат од „Топ Маркет“.

Маркетот сега е на само еден повик оддалечен од вашата врата

„Топ Маркет“ редовно ќе ги информира потрошувачите за тековната понуда, акции и други бенефити, преку јавни објави и кампањи на социјалните мрежи и во добро познатата продажна мрежа во градот.

OhridNews