Младата охридска легенда Марко Пејчиновски утрово на својата фан страна на Фејсбук ги откри деталите за новиот подвиг, кој ќе се обиде да го оствари на 28 август.
На празникот Голема Богородица Марко ќе го плива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, а подвигот, како што најави претходо, го посветува на лицата со ретки болести!
После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид. – напиша Марко на својот Фејсбук профил.

Годинава Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел, да се сврти вниманието на општествените чинители кон лицата со ретки болести, кои секојдневно бијат маратонски битки и се соочуваат животозагрозувачки препреки. Марко ќе биде гласот на овие луѓе кој на 28 август ќе се претвори во крик за поддршка на лицата со ретки болести и подобрување на нивниот статус во општеството, а пред се на здравствената грижа за нив.
OhridNews













