Ако некој се сомневаше во “супер моќите” на Марко Пејчиновски, сега дефинитивно повеќе нема. Тој денеска оствари нов подвиг, успешно завршувајќи го модифицираните Ironman подвиг долг 107 километри.

Марко трчаше од Охрид до Струга од каде со велосипед се врати назад и пливаше до Охрид каде пристигна во вечерните часови и беше поздравен со овации од присутните.

Овој подвиг има за цел да ги мотивира луѓето да пронајдат сила во себе и да ги надминат препреките кои ги носи животот какви и да се, рече Марко во најавата за новиот успешно реализиран предизвик.

Г.М.