Продолжува ротацијата на охридската клупа. Охрид кој по првото коло беше прв на табелата а по осмото на последното, го елиминираше Турново па се откажа од купот, за нов кормилар го назначи некогашниот репрезентативец Гоце Маркоски.
Маркоски ќе има тешка задача да ја крене екипата на Охрид која ја има најслабата одбрана (19 примени гола) и најслабиот напад (6 гола) и е без победа во последните седум кола.
– Имав разговори со претседателот Малезанов и со претставниците на словенечката компанија која ќе инвестира во Охрид и добив уверувања дека работите ќе се средат. Јас сум човек кој прифаќа предизвици, а Охрид сам по себе е доволен предизвик за мене – ни рече Маркоски кој вчера го одржа првиот тренинг со екипата.
Маркоски втор пат ќе седне на клупата на Охрид. Првиот пат пред 4 сезони, кога Охрид играше во Третата лига тој беше тренер-играч во охридскиот тим. Тогаш со Маркоски на клупата Охрид успеа да се влезе во второлигашкото друштво но потоа тој го напушти клубот.
помошниците на Маркоски, Ристески Милчо и Цветкоски Миле
Маркоски, по Блажески и Љамчевски ќе биде третиот тренер кој годинава седнува на клупата на охридскиот вторлигаш.
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Oд 26-ти октомври до 7-ми ноември 2026 година во просториите на ШК Ласкер Охрид ќе се одржи VI Општинско првенство во шах „7-ми Ноември“, во чест на 7-ми Ноември, Ден на ослободување на Охрид, во о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.