Американскиот режисер Мартин Скорсезе го почна снимањето на новиот филм „Убијците на цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), заснован на истоимениот роман од 2017 година од Дејвид Грен. Снимањето започна во американската сојузна држава Оклахома.
Возбудени сме што конечно ќе започнеме со снимањето на филмот „Убијци на цветната Месечини“ во Оклахома. Можноста да ја раскажеме оваа приказна на местото каде што се одвивала, е прилично важна за да се опише времето и луѓето, рече Скорсезе.

Познато е дека во филмот ќе глумат и Роберт де Ниро, Лили Гледстон, Танту Кардинал, Кара Џејд Мајерс, Џејн Колинс, Луис Канселми и други.
Датумот на прикажување на филмот сè уште не е објавен.
OhridNews











