
Учесниците во тепачката како што информира МВР си размениле удари со тупаници и клоци во пределот на телата, при што си нанеле видливи повреди, а едо лице се здобило со тешка телесна повреда – фрактура на десна рака. Тоа по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Струга е пуштено на домашно лекување. Уште едно лице со повреда на десното рамо е пренесено и задржано во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид.
Учесниците се приведени во Полициската станица во Струга и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор:МВР












