Фудбалскиот клуб Наполи ќе го продолжи договорот со тренерот Валтер Мацари за уште две години, пренесоа италијанските медиуми.


Наполи, сезонава бележи добри резултати во првенството, на табелата се наоѓа на второто место со девет бодови помалку од лидерот Јувентус и извесно е дека следната сезона повторно ќе игра во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми наведуваат дека во текот на неделата претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис ќе му понуди нов двегодишен договор, според кој Мацари би заработил седум милиони евра.

“Макфакс“