Италијанскиот клуб Наполи во кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев претрпе убедлив пораз од Викторија Плзен во првиот натпревар од 1/16 финалето.



– Погрешно пристапивме на мечот со Викторија Лигата на Европа затоа претпрпевме убедлив пораз од 3-0. Нас сега ни треба брза опоравување против Самподорија во Серија А –
истакна Валтер Мацари тренерот на Наполи.


Алиби за поразот стратегот на “азурите“ го бара во полупразниот стадион во Неапол. Лигата на Европа во Италија па и во водечките фудбалски држави не преставува натпреварување кое се посетува многу, затоа екипите се решаваат да истрчаат со комбинирани состави.



– Тишината на стадионот ни ја одзеде концетрацијата и ни ја намали самодовербата. Мечот со Викторија повеќе наликуваше на пријателски него на натпревар од Лигата на Европа. Но, иако претрпевме убедлив пораз јас сеуште се надевам на пласман во наредната фаза, ние знаеме да изненадиме –
заврши Мацари.

Повратниот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа се игра на 21 февруар.

Мх.П.