– Во текот на целиот натпревар игравме подобро од Јувентус и затоа мислам дека заслуживме да победиме. Тие во првото полувреме постигнаа погодок кога ние бевме надмоќни, а преку Вучиниќ за малку ќе го решеа мечот. Како на натпреварот со Јувентус така и тој со Сампдорија не можевме да го пронајдаме патот до противничката мрежа – рече Мацари.
Екипата на Наполи за која настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев во преостанатите 11 рунди ќе ја бараат шансата за освојување на “Скудетото“.