Да се биде носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Дебрца е чест и привилегија но во исто време и голема одговорност. Овие епитети не доаѓаат туку така, туку се навистина епитети за кои заслужува Општина Дебрца да се води политичка борба и политичка победа, нагласи на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ за Дебрца, Моника Мацеска.


- Сето тоа е последично на огромниот број проекти кои се реализирани, дури ако се направи компарација ќе се согледа дека Дебрца во последниве четири години е една од најуспешните општини со најголем прогрес и развој. Тоа го покажуваат податоците кои се темелат на тоа што и во каква состојба беше Општина Дебрца пред 2013 и каква е денес.
Затоа со чиста совест и мисла ги повикувам жителите на Општина Дебрца, да ги согледаат овие факти и да направат разлика, рече Мацеска.


Мацеска додаде дека како носител на листата за советници, заедно со кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе направат постојан континуитет во донесувањето на правилни одлуки за развој на Дебрца.

– Затоа ни се потребни вашите гласови преку кои со освоени повеќе советници нема да постои пречка и политичко блокирање за одлуки кои секогаш како и досега ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца ги носеше за жителите на Дебрца.
Ја имам таа чест и како преставник од понежниот пол, но и претставник од младината да укажам дека ВМРО-ДПМНЕ верува во сите и на сите дава еднакви можности, а ние сме тука таквата доверба да не ја изневериме. На 15 октомври, како носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Дебрца заедно со Игор Трајковски кандидат за градоначалник на Општина Дебрца и Советничкиот тим Ве повикуваме во што помасовен број да излезете на гласање и да го заокружите бројот 13, потенцира Мацеска.

OhridNews