На 31 мај 2026 година (недела) ќе се одржи голема меѓународна еколошка акција за чистење со цел зачувување на природните вредности на Охридското Езеро и подигнување на јавната свест за важноста од грижата и заштитата на животната средина. Акцијата ќе започне во 10 часот на плажата кај хотел Бисер во Калишта.

Оваа година се одржува четвртата по ред еко-акција, која со текот на времето прерасна во препознатлива меѓународна иницијатива што обединува луѓе со иста цел – чиста природа, чисто езеро и поголема грижа за животната средина. Преку заедничка работа и личен пример, учесниците ќе испратат силна порака дека заштитата на природата не е само обврска на институциите, туку заедничка одговорност на сите нас, велат.

Заедно создаваме почисто Охридско Езеро – затоа што природата што ја наследуваме денес, ја оставаме на генерациите утре, порачуваат организаторите.
OhridNews













