Денес, од 08:00 часот, во целосен прекин е сообраќајот за влез и излез од Р.Грција на граничниот премин „ Ники”- Меџитлија на неодредено време, поради штрајк на грчките земјоделци. Прекинот е поради блокада, односно поставување на земјоделски машини во близина на преминот.  

Од 10 до 12 часот за сообраќај беше затворен и граничниот премин „Богородица“, поради блокада од страна на такси превозниците.

OhridNews