Куќата на Уранија, која поради нарушена статика комплетно ќе се реставрира е во фаза на подготовка за почеток на првата фаза од проектот за заштита на една од најпрепознатливите стари градби во Охрид. И додека одредени локални и национални медиуми побрзаа да објават дека започнало уривањето на објектот, на терен градежните екипи ги поставуваат скелињата потребни за отпочнување на демонтажата на покривот од Уранија.
–Поставувањето на скелињата ќе трае најмалку два до три дена по што ќе почне демонтирање на покривот. Дури потоа куќата на Уранија ќе се разградува кат по кат изјави за Ohridnews, Тања Паскали-Бунташеска, директор на НУ Завод и Музеј, којa е носител на проектот за реставрација на Уранија.
Медиумите ја урнаа Уранија а таа нечепната
Поради нарушена статика куќата на Уранија е вон употреба повеќе од две години. Состојбата би можело да се каже дека е алармантна бидејќи куќата е навалена кон југозападниот сосед, вели Паскали-Бунташеска. Таа објаснува дека Уранија ќе биде разградена до камените темели по што автентично ќе се реконструира.
Изгледот на Уранија ќе остане непроменет, таа ќе се зацврсти, а ќе бидат додадени и одредени модерни детали од практична функција. Паскали-Бунташеска не информираше дека во тек е тендерот за избор на најповолен понудувач за извршување на градежните работи, по што ќе отпочнат градежните работи кои треба да завршат до почетокот на идното лето. Како што е познато куќата на Уранија со одлука на владата и е дадена на трајно користење на Македонската академија за науки и уметности.
Македонскиот туризам денес изгледа значително поинаку отколку на почетокот на независноста Домашните гости, кои доминираа во првите години, постепено го отстапија приматот на странските туристи, чи...
Денеска ќе преовладува променливо облачно и топло со сончеви периоди Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Максима...
На 18092026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридск...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.