„Меланж од ноти“ — Помеѓу класиката, традицијата и модерното време!
04.06.26 10:27
Под наслов „Меланж од ноти“ учениците од ОМУ „Методи Патче“ од класата на професорот Игор Климовски приредија прекрасна музичка магија во пријатниот амбиент на кафе „Art Terrazza“. Концертот беше вистински колаж од емоции поделен во два дела.
Класичен и модерен дел беше составен од вечните класици како Бах, Моцарт, Хајдн и Бетовен, разиграниот џез на Скот Џоплин, па сè до концептуалната „4’33″“ на Џон Кејџ.
Забавен дел беше со традиционален дух кој опфати прекрасни аранжмани на добро познати македонски народни и забавни композиции како „Билјана платно белеше“, „Ах љубов, љубов“, „Налеј, налеј“, „1762 лето” , „Голема риџа ти чинам” и многу други, кои на посебен начин ја стоплија атмосферата.
Нашите вредни ученици покажаа дека музиката нема граници, претставувајќи се со разновидна и исклучително богата програма, велат од училиштето.
Најмалку 15 лица се повредени, а повеќе од 1000 граѓани побарале помош преку Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со оркански налети на ветер што попладнево го зафати ...
Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а невремето предизвика и штети на инфраструктурата На терен се екипи на Гр...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, минис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.