Според шпанскиот весник “марка“ менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон спремен е да плати 50 милиони евра за услугите на “Ел тигре“. Добрите односни на “црвените ѓаволи“ и Атлетико Мадрид уште повеќе ги зголемуваат шансите за трансфер на Фалкао на Олд Трафорд. Пред две сезони од Атлетико Мадрид во редовите на “ѓаволите“ се пресели Давид де Геа за нешто повеќе од 20 милиони евра.
Со ангажман на Фалкао, Јунајтед би го имал најдобриот напад воопшто на сите времиња во фудбалот. Тука се веќе Робин ван Перси, Вејн Руни, Дени Велбек, па и “непревидливиот “Чичарито.