Манчестер Јунајтед во “лудиот“ натпревар на Мадејски стадионот славеше над Ридинг 4-3. На четата од Сер Алекс Фергусон им се поклопија коцките во 15-та рунда откако останатите ривали за титулата кикснаа и се одлепија на +3 на премиерлигашката табела.


“Црвените ѓаволи“ имаа негатива од 1-0 и 3-2, но благодарение на расположениот напад предводен од Руни и Ван Перси успеаја да се вратат резултатски и да ги освојат три бодови победувајќи 4-3. Сите седум погодоци на мечот беа постигнати во првиот дел односно во временски период од 26 минути.

Актуелниот првак во Англија, Манчестер Сити ремизираше 1-1 со Евертон на домашен терен. Арсенал на “Емирати“ претрпе пораз од Свони 2-0 додека Челси го загуби лондонското дерби со Вест Хем 3-1, но барем успеа да постигне погодок.


Екипата на Горан Попов, Вест Бромвич Албион влегува во мини криза откако киксна пред своите гледачи со тимот на Стоук 1-0.

Резултати : Вест Хем – Челси 3-1, Арсенал – Свонси 0-2, Ливерпул – Саумптентон 1-0, Мен Сити – Евертон 1-1, ВБА – Стоук 0-1, КПР – Астон Вила 1-1, Фулам – Тотенхем 0-3, Ридинг – Мен Ју 18:30 3-4.

Мх.П.