Центар за култура „Григор Прличев“
Од 24.04.2026 - 20:00 до 24.04.2026 - 22:00
По распродадените претстави во Скопје и Кавадарци, урнебесната монодрама „Менопауза“ со легендарната Тијана Дапчевиќ пристигнува и во Охрид во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид на 24 април 2026 со почеток во 20:00 часот.

View this post on Instagram
Текстот на монодрамата е на Данило Вукотиќ, а во режија на Раде Вукотиќ.
Билетите се во продажба на следните локации: Аждер, Irish Pub Dublin, Le Petit Bistro Lihnidos.
Совршена вечер за смеа, препознавање и женска солидарност. Поведи другарка. Оваа претстава најдобро се доживува заедно!, порачуваат организаторите.
OhridNews












