Сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и обезбедено е редовно напојување со електрична енергија во делот на АД МЕПСО.

На овој начин нормализирано е снабдувањето со електрична енергија за жителите на Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа 110кV далекувод Вруток Шпиље и 110кV далекувод Битола Ресен, информираат од АД МЕПСО.

Оттаму додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.

Инаку, прекин во снабувањето со електрична енергија имаше претпладнево околу 11:35 часот и истиот траеше до околу 14:30.

Н.С.Ј.