Македонскиот државен оператор на системите за пренос на електрична енергија (МЕПСО), објави тендер за изработка на студија и мастер план за изградба на ски центар во Националниот парк „Галичица“. 
Според условите во тендерот, ќе биде прифатена најисплатливата понуда во чие формирање цената учествува со 60 проценти, а листата на услуги со 40 проценти.
Тендерот ќе трае до 21 септември, кога ќе бидат отворени пристигнатите понуди.
OhridNews