Основното јавно обвинителство информираше дека е се изречени мерки на претпазливост против сомничениот вработен во МВР, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување на службено дејствие и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

„Надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, забрана за издавање на нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му ги изрече бараните мерки.“ – соопшти обвинителството.

OhridNews