Капитенот на Барселона, Лионел Меси, е суспендиран на два натпревара поради црвениот картон што го доби во финалето на шпанскиот Супер куп, откако го удри в лице играчот на Атлетик Билбао, Асиер Виљалибре.

За Меси тоа беше прв црвен картон во досегашните 753 натпревари во дресот на Барселона, а Шпанската фудбалска асоцијација оцени денеска суспензијата од два натпревара е соодветна казна за инцидентот.

На Меси му се закануваше максимална казна од 12 натпревара.

Аргентинецот ќе ги пропушти куп натпреварот против третолигашот Корнеља на 21 јануари, и првенствената пресметката против Елче, три дена подоцна.

Меси повторно ќе му биде на располагање на тренерот Роналд Куман за натпреварот против Атлетик Билбао на 31 јануари.

OhridNews

Титулата од Супер купот за Атлетик Билбао, Меси со бокс удри противнички играч (видео)