Во последните неколку години Барселона не одиграла толку слаб и анемичен натпревар, без ниту една чиста прилика за погодок или без удар упатен на Меси кон противничкиот гол. Најголеми заслуги за поставеноста на играта има тренерот на “росонерите“ Масимилијано Алегри, но Меси за медиумите рече дека ќе ги очекува пекол на Ноу Камп.
– Само во едно сум сигурен дека Милан на Ноу Камп ќе го пречекаме во пеколна атмосфера. Не игравме добро на првиот натпревар, но верувајте дека ќе го “растуриме“ Милан на реванш мечот – порача Меси.
По првиот натпревар “росонерите“ имаа предност 2-0, а реванш натпреварот на програмата е на 12 март.