историјата, кој во една сезона постигнал гол против сите екипи во
првенството.
Барселона против Селта ќе игра на 30-ти март и доколку Меси постигне гол
ќе се израмни со Кристијано Роналдо, кој минатата сезона успеа да
постигне гол против секоја екипа во лигата.
Исто така, Меси би можел да стане првиот фудбалер кој постигнал гол на
19 последовни натпревари. Од 11-ти ноември минатата година, кога
Барселона ја совлада Мајорка со 4:2, Меси постигнал најмалку по еден гол
на секој нареден меч во првенството.
На 18 последовни натпревари тој постигна 29 погодоци, а вкупно во првенството 42 пати беше стрелец.