Македонскиот ракометен првак Металург го комплетираше успешниот ден за македонскиот спорт. Металурзите квалификациите во Израел ги завршија како првопласирани и обезбедија пласман во Лигата на Шампиони.


Во полуфиналето го совладаа домаќинот на квалификациониот турнир, Макаби, со резултат 27:19 додека во финалето го победија Хаслум со 29-28.

Металруг ќе игра во главната фаза од ЛШ во групата Ц, заедно со екипите на Хамбург (Германија), Цимос Копер (Словенија), Костанца (Романија), Санкт Петербург (Русија) и Висла Плок (Полска).

Ohridnews