Денес ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење, информира УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степен, а УВ индексот ќе изнесува 9, Во Охридскиот регион температурата ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Сончево и многу топло, ќе биде и утре. Кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, по што ќе следи и пад на високите температури.

OhridNews