Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати молба до Владата сериозно да ги земе предвид предлозите на неговата партија за ублажување на економските последици од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Тој предлага два столба на мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопанствениците.

Битката на економски план треба да се води во два столба. Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите односно да се обезбедат самите бизниси. Вториот столб е замрзнување на отплатата кон банките. А, потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот. –  истакна Мицкоски на гостувањето во емисијата „Клик Плус“.

Мицкоски додаде Владата треба да е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе.

Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку трошоците и за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата мора да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку 50-тина проценти. – појасни Мицкоски.

Мицкоски смета дека Владата не покажала сериозност и ниту една од презентираните мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од коронавирусот не е од круцијално значење за македонското стопанство кое се соочува со сериозни проблеми.

OhridNews