„Денеска се случи тажен ден. Црн петок, најцрн петок во современата историја на Македонија. Имаше луѓе кои се бореа за идејата за Македонија и луѓе кои се бореа против. Народот не ја изневери државата, туку Заев и луѓето околу него. Народот кажа на референдумот дека не е за поддршка на рефередумот“, рече во своето обраќање до јавноста лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој одржа прес конференција на полноќ од седиштето на партијата.

Мицкоски додаде дека станува збор за срамно дело кое ќе се памети и дека Заев и нанесол срам на држажата.

  • Најголемиот непријател на европските вредности е Зоран Заев. Договорот е параван за криминалот што не престанува. Затоа со кршење на демократијата го направија ова, рече Мицкоски и додаде дека не се откажува од избори на кои е уверен дека ќе победи, а Заев ќе ја добие заслужената казна.

Во врска со седумтте пратеници кои гласаа за уставните промени, Мицкоски изјави дека тие вечерва по итна постапка се исклучени од партијата.

  • Не сите ги издржаа тие притисоци. За оној нивен чекор, без оглед на фактот што се дел од политичкиот прогон на СЈО, јас не можам да ги оправдам и им простам за нивната постапка. Некои се одважија и гласаа согласно партискиот став. Седум пратеници кои постапија спротивно на волјата на граѓаните, ме разочараа мене и партијата и татковината и со тоа ќе живеат. Затоа вечерва Извршниот комитет на партијата и на мој предлог се усвои одлуката за исклучување на овие седум пратеници, а тоа се Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канческа-Милевска, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајлоска – Старова и Емилија Александрова, рече Мицкоски.

OhridNews